Формирана е најголемата зона за слободна трговија

113

Во Европа е помалку познато дека на првиот ден од оваа година е создадена најголемата зона за слободна трговија во светот – Сеопфатното регионално економско партнерство (Regional Comprehensive Economic Partnership – RCEP), кое ги вклучува практично сите земји на Далечниот Исток и една третина од светските популација.

Според Дојче веле, RCEP ги опфаќа практично сите земји источно од Индија, од Кина и Индонезија до Јапонија, Австралија и Нов Зеланд. Тоа е област каде што се создава околу триесет проценти од глобалниот БДП, што значи 23,17 илјади милијарди евра и опфаќа речиси една третина од светското население.

За споредба, зоната на САД, која се протега од Канада до Мексико, сочинува 28 отсто од светскиот БДП, додека Европската унија со околу 18 отсто.

Економистот Ролф Лангхамер, поранешен потпретседател на Институтот за светска економија во Кил, рече дека RCEP не е особено длабок договор, но дека има транспарентни правила и дека главно се однесува на производството. Сега има јасни правила за меѓусебна трговија, интелектуална сопственост и патенти, онлајн продажба и конкуренција, но нема толку многу зборови за чувствителните пазарни прашања за многу земји во регионот, особено за финансискиот сектор.