Фортенова продаде дел од бизнисот

36

Групацијата на Фортенова ја заврши продажбата на Поликлиника, една од водечките хрватски поликлиники, на инвестициската компанија Provectus Capital Partners (PCP), пишува Бонитет.

Provectus Capital Partners е компанија фокусирана на пазарите во Југоисточна Европа, која ја презеде поликлиниката Аvivа преку ASEF (Adriatic Structured Equity Fund). Поликлиниката Аvivа е трета инвестиција на PCP во Хрватска.

Фабрис Перушко, член на Управниот одбор и главен извршен директор на „Фортенова Груп“, рече дека со оваа трансакција, групацијата успешно го завршува целиот процес на деинвестирање на делови од компании кои не се во функција на нивните основни активности.

PCP ќе продолжи да инвестира во раст на бизнисот на Аvivа, што ќе заземе централна позиција во понатамошните планови на компанијата за консолидација на приватниот здравствен сектор во Хрватска.