Форум за унапредување на економската соработка со земји од трети пазари

21

Veneto2Во организација на Стопанската комора на Македонија и  Бордот за надворешни економски односи на Турција, денес во просториите на Комората ќе се одржи форум за унапредување и промовирање на економската соработка со Грузија, Азербејџан, Ирак, Иран, Кувајт, Египет и Либија.

За време на форумот турските ко-претседатели на деловните совети ќе ги презентираат потенцијалите за соработка со тие земји, како и можностите за заеднички турско-македонски настап на овие алтернативни пазари.

Освен можноста за непосредни контакти на македонските компании со претставниците на деловните совети, форумот ќе овозможи запознавање на пазарите и шансите за успешна соработка со локалните партнери.