Фото: Туристичката атракција во Кина, Shanghai Wonderland, ги отвори вратите за јавноста

46

По речиси 10 години градење, Шангај ги отвори вратите на хотелската атракција наречена Shanghai Wonderland или Shimao Quarry. Мега зданието е изградено во 88 метри длабока дупка, каменолом исполнет со вода.

Изградбата чинеше 287,9 милиони долари, а цените за ноќевање се движат од 489 до 546 долари, пишува RT.

Два од 18-те ката на хотелот се на над земја, додека двата најдолни катови се целосно под езерото што го опколува долниот дел на каменоломот.

Градбата има вкупно 336 соби, ресторан, забавен парк и места за спортски рекреативни активности како качување по карпи и банџи џампинг.

Сопствениците на хотелот велат дека истиот е толку силен што може да издржи земјотрес со јачина од девет степени според Рихтер.

Изведувач на објектот Shimao Group, планира да изгради и шопинг центар на истото место, следната година.

Фото : InterContinental