Фотограф “врти“ милион долари годишно од онлајн предавања

178

Откако заработи 500.000 долари минатата година, како предавач на платформата за онлајн учење Udemy, Фил Ибинар планираше да земе еден месец одмор за да ѝ помогне на сопругата околу чување на трите деца. Но, во март светот го зафати коронавирусот, па Фил дошол на идеја да направи нешто.

“Сакав само да им помогнам на луѓето“, вели тој за Forbes.

Тој на средината на март почнал со онлајн часови. За неколку денови, на Фил му пристигнале 3,5 милиони регистрирани барања за часови, а најголем бил интересот за фотографија и видео монтажа. Тој месец заработката на Фил достигнала 92.000 долари, што е многу повеќе од заработката што ја имал во март минатата година. Веќе во април, на сметката на Фил “легнале“ 109.000 долари, а во мај заработката достигнала 102.000 долари.

Доколку и понатаму заинтересираните прават sign up на неговата понуда, тој ќе заработи над милион долари, што е повеќе од заработката во Udemy.

Најголем дел од цените за онлајн курсевите се околу 200 долари, но тој дава и големи попусти. Целта е цената на курсевите да биде што е можно пониска, а за сметка на тоа да се привлечат што е можно повеќе регистрирани корисниците. Па така, во Индија се плаќаат околу шест долари.

Иако има голем интерес и многу работа, Фил од претходно ги подготвува видеата, а работи од неговиот дом во Калифорнија.

Фото: Freepik