Foxconn сели дел од производството во Виетнам

34

Тајванската компанија Foxconn дел од погоните за монтажа на iPad и MacBook ќе ги пресели од Кина во Виетнам по барање на Apple. Целта на технолошкиот гигант е да го диверзифицира производството за да го намали влијанието од кинеско – американската трговска војна, пишува Ројтерс.

Многу тајвански производители, поради претпазливост, го селат или размислуваат да преселат дел од своите капацитети од Кина во земји како што се Виетнам, Мексико и Индија .

Foxconn ќе отвори линија за монтажа на iPad таблети и MacBook лаптопи во погон во провинцијата Бак Ганг во Тајван во првата половина од следната година.

Фото: Twitter