Франција развива пловни ветерници

68

Фото: Pixabay

Европската комисија ќе обезбеди помош за четири проекти на Франција за пловни фарми на ветерници, пишува Maritime.

Станува збор за четири проекти (Groix belle Ile, Golf du Lion, Eolmed и Provence Grand Large), коишто би требало да ја искористат силината на ветерот на отворено море за производство на електрична енергија.

Едната фарма ќе биде поставена на Атлантикот, а три на Средоземното море. Секоја од фармите ќе има три до четири турбини што би имале вкупен капацитет од 24 мегавати. Фармите меѓу себе би биле поврзани со подводни кабли што струјата ќе ја носат на копно.

Секоја од фармите ќе има различна комбинација на турбини, подлога и кабли за да може да се тестираат различни технологии и да се проучува нивната долготрајност. Најуспешната комбинација, потоа би можела да има широка примена.