Франција со 100 милијарди евра ќе ја закрепнува економијата

42

Француската влада објави детали за својот план вреден 100 милијарди евра за стимулирање на економското закрепнување од ефектите на коронавирусот во текот на следните две години, со милијарди евра да бидат наменети за јавни инвестиции, субвенции и даночни намалувања.

Вкупно 35 милијарди евра се наменети за зајакнување на конкурентноста на втората по големина економија во Европа, 30 милијарди евра се за зелена енергија, а 25 милијарди евра е помошта за зачувување на работните места.

Администрацијата на претседателот Емануел Макрон се надева дека економијата ќе се врати на нивото пред коронакризата до 2022 година.

Фото: Pixabay