Франција со план за економско закрепнување вреден 100 милијарди евра

28
Paris scene with River Seine, Pont Alexandre III and skyline with Eiffel Tower in the distance.

Француската Влада на трети септември ќе претстави план за економско закрепнување вреден 100 милијарди евра, чија цел е заживување на економската активност погодена од пандемијата на коронавирусот, најави денеска премиерот Жан Кастекс.

Кастекс за радио France Inter изјави дека две милијарди евра во рамки на тој пакет ќе одат за поддршка на уметноста и културата.

Како што пренесуваат француските медиуми, Владата ја одложи презентацијата на деталите за нејзиниот план за економско закрепнување од 25 август за првата недела од септември, бидејќи сега е насочена кон подготовка на нов термин и услови за почеток на учебната година.

Кастекс исто така рече дека властите ќе сторат сé што е во нивна моќ за да избегнат нова блокада на земјата поради ограничувањата предизвикани од пандемијата и притоа напомена дека вирусот не ослабнал во смисла на вирулентноста.

Фото: Freepik