Франција воведува строги правила за користење на електрични тротинети

54

Франција воведува нови правила за употреба на електрични тротинети по големиот број на сообраќајни несреќи со возила, вклучувајќи и неколку смртни случаи, пишува BBC.

Од овој викенд, возачите ќе мора да имаат најмалку 12 години и нема да можат да го возат својот тротинет по тротоарите. Овие тротинети, кои може да достигнат брзина и над 50 километри на час, стануваат сè попопуларни, а најмногу поради нивната енергетска ефикасност и заштита на животната средина.

Се верува дека новите правила ќе поттикнат “поодговорно користење на овие тротинети и ќе го вратат чувството на мир кај пешаците, посебно оние најранливите – постарите лица, децата и луѓето со некаков хендикеп“.

Меѓу другите пропишани правила е и забраната да се користи мобилен телефон во текот на возењето, нема да смеат да ставаат слушалки во ушите и ќе мора се користат велосипедски патеки, ако се достапни.

Фото: Pixabay