Француски извозници на вино: Американските царини ќе чинат повеќе од милијарда евра

87

Американската одлука за воведување дополнителна царина на француските вина и коњак ќе го чинат францускиот вински сектор повеќе од милијарда евра.

Американската влада најави дека ќе ја зголеми царината на одредени производи од Европската унија, вклучувајќи вино и коњак и други жестоки пијалаци од Франција, што е заострување на долгогодишниот спор со Брисел околу субвенции на производителите на авиони, пренесува Ројтерс.

САД во октомври 2019 година воведе 25% царина на увоз на различни прехранбени производи од ЕУ, вклучувајќи ги и француските вина.

Фото: Freepik