Француски Sanofi ќе гради фабрика од 400 милиони евра во Сингапур

32

Францускиот производител на лекови, Sanofi најави дека во следните пет години ќе инвестира 400 милиони евра во нова фабрика за производство на вакцини во Сингапур.

Sanofi, како што се наведува, со новата фабрика ќе ги развива капацитетите за масовно производство на иновативни вакцини и ќе биде спремен да реагира на ризиците од пандемијата во иднина.

Проектот во Сингапур ќе отвори 200 нови работни места. Се очекува изградбата да почне во третиот квартал од оваа година, а производството да започне во првите три месеци од 2026 година.

На крајот на март, канадската влада најави дека француската компанија во Торонто ќе гради погон за производство на вакцини во вредност од 925 милиони долари.

Фото: Pixabay