Француските производители на вино се соочуваат со големи штети

9

Априлскиот мраз предизвика голема штета на лозјата во Франција што би можело да го намали производството на вино за скоро една третина, предупредува земјоделската платна агенција на Франција, повикувајќи се на проценките на производителите на вино.

Производството би можело да се намали за околу 15 милиони хектолитри, што значи дека Франција оваа година би можела да произведе меѓу 28 и 32% помалку вино во споредба со просекот во изминатите години.

Производството би можело да се намали и за околу 32 милиони хектолитри, што значи дека би можела да се спушти на ниво од 2017-та година, кога исто така, имало пад поради штетите предизвикани од временски неприлики.

Најлошо е погоден винскиот регион Бургунди, каде просечната штета според првите проценки е 50%.

Француските власти ветиле околу милијарди евра помош за земјоделците и можност за пристап до фонд за природни катастрофи коишто на производителите на вино би можеле да надоместат до 40% од загубите.

Фото: Pexels