Французите спремни за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 во светот

42

Во овој момент вакцините против коронавирусот бараат посебни услови за транспорт, па затоа е формирана работна група на авио-карго асоцијацијата на Франција, уште пред пет месеци со цел да го реши овој проблем.

Според францускиот авиопревозник, Air France KLM, во работната група учествуваат сите битни чинители во карго операциите, како што се шпедитери, аеродромски служби, превозници, царината, добавувачи на посебни контејнери, соработници за карго логистика и фармацевтски компании од Франција.

Специјалните контејнери што обезбедуваат замрзнување на вакцината и на -80 степени, а и простор за складирање од 3.500 метри квадратни со контролирана температура, веќе се на аеродромот Шарл де Гол.

Исто така, подготвени се и патнички и товарни авиони на  Air France KLM за долги летови.

Товарниот авион на Air France може да понесе повеќе од милион дози во еден лет, а патничкиот над 400.000 дози во просторот за складирање.

Една од најважните цели во транспортот на вакцина е да се намали времето на транзит на аеродромот и да се обезбедат специјални автономни контејнери од производителот на вакцината до болницата и на крајното одредиште да стигнат најмногу за 10 дена.

Фото: Freepik