Француски милијардер сака да ја купи позната агенција за таленти

60

Агенцијата за креативни уметници (CAA) е во преговори за продажба на мнозинскиот пакет акции на Франсоа-Анри Пино, францускиот милијардер кој стои зад луксузната модна куќа Kering SA.

Агенцијата за таленти би можела да добие проценка од најмалку седум милијарди долари, според инсајдерите на Блумберг. Конечната одлука сè уште не е донесена.

Од своето основање во 1975 година, CAA со седиште во Лос Анџелес останува една од водечките фирми за претставување актер во светот, нудејќи услуги за управување со таленти и „спакувани“ зделки за холивудските студија.

Продажбата на CAA доаѓа во критично време за шоу-бизнисот. Индустријата се труди да се прилагоди на брзите трендови на стриминг во својата потрага по профитабилност и се соочува со најголемиот штрајк на актерите и писателите во последните шест децении.