Фрламе по 83 килограми храна во ѓубре

25

Секој од нас годишно фрла по 83 килограми храна што е 172.480 тони храна годишно, покажуваат податоците на Програмата за животна средина на Обединетите нации.

Од земјите во регионот најмалку храна фрлаат Словенците со 34 килограми по глава жител. Потоа следуваат Бугарите со 68 килограми, а по 83 килограми, исто колку нас, фрлаат и: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. Еден килограм повеќе од нас фрлаат Хрватите, а убедливо најмногу храна фрлаат Грците.

Во светот секоја година се фрлаат околу милијарда тони храна, односно скоро 20% од намирниците достапни на населението ширум светот, покажува извештај на Обединетите нации. Извештајот дава заклучок дека годишно се фрлаат околу 931 милион тони храна, што не вклучува коски, школки и други делови од храната што не се јадат.

Додека од една страна се фрлаат огромни количини храна, според податоците на Обединетите нации, околу 700 милиони луѓе ширум светот гладуваат, а три милијарди немаат пристап до здрава храна, од вкупно население од 7,8 милијарди жители.

Фото: Freepik