Frozen II е шестиот филм на Disney што годинава заработи над една милијарда долари

47

Американската компанијата Disney продолжува да руши рекорди на бокс офисот. Најновиот филм од студиото, Frozen II е шестиот по ред анимиран филм што заработи над една милијарда долари од продажба на билети.

Од Disney велат дека доколку продолжи со ова темпо, продолжението на оскаровскиот Frozen од 2013 година може да стане и најгледан анимиран филм во САД и да го симне Incredibles 2 од тронот.

Компанијата веќе инкасираше повеќе од осум милијарди долари на глобалниот бокс офис, од јануари па досега, што е рекордна заработка што едно студио ја остварило, пишува CNBC.

Frozen постигна огромен успех, а на домашната сцена заработа повеќе од 400 милиони долари. Во 2014 година филмот за сестрите Елса и Ана и нивните авантури заработи и оскар.

Второто продолжение, според критичарите, е позрела и подлабока приказна, каде што кралицата Елса го бара потеклото на својата моќ.

Фото: Facebook