Фруктал Мак лани прокнижи добивка од 19,5 милиони денари

35

За Фруктал Мак минатата 2019-та година заврши со добивка од 19.575.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата изнесуваше 5.452.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември лани, достигнаа 391.965.000 денари. Еден дел од нив во висина од 193.829.000 денари е остварен на домашен пазар, додека поголемиот дел од 198.136.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Основна дејност на компанијата е производство на овошни сокови, нектари и пијалаци без конзерваси.

Фото: Pexels