Фруктал Мак работеше со загуба од 416.000 денари во првите три месеци од 2015

41

fruktal

Акционерското друштво Фруктал Мак прикажа загуба од 416.000 денари во првото тримесечје од оваа година, покажува неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период минатата година, компанијата работеше со загуба од 298.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Фруктал Мак се на ниво од 69.538.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 40.642.000 денари, додека остатокот од 28.896.000 денари отпаѓаат на реализација на странски пазари.

Во првото тримесечје од 2014 година, вкупните приходи на компанијата се во вредност од 64.823.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 33.000.000 денари, а 31.823.000 денари на странски пазари.