Фруктал со добивка од над седум милиони денари ја заокружи 2013

28

fruktal

Компанијата Фруктал минатата година ја заврши со добивка од 7.132.000 денари покажува финансискиот извештај на компанијата, вклучен во ревизорскиот извештај на Deloitte, објавен на Македонска берза.

Приходите од продажба на компанија лани биле во висина од 348.262.000 денари и бележи пораст во однос на претходната година кога од продажба биле прокнижени 345.922.000 денари.

Нето добивката на компанијата до крајот на 2013-та била 7.132.000 денари, што е зголемување во однос на финансискиот извештај од 2012-та кога била евидентирана загуба од 1.998.000 денари.