Фудбалскиот клуб Барселона издава сопствена крипто валута

21

Фудбалскиот клуб Барселона потпиша договор за глобално партнерство со стартапот Chiliz, платформа за спортисти и навивачи, базиран на blockchain. Преку овој договор, како што пишува EU – startups, фановите на овој клуб ќе имаат иновативен начин на комуникација со играчите и нивните активности преку Barca Fan Tokens.

Токените ќе им дозволат на сопствениците да гласаат за различни одлуки, како што е на пример, музиката што ќе се пушта на стадионот кога тимот ќе постигне гол. Идејата на оваа соработка е да им овозможи на навивачите на Барса да учествуваат во повеќе и помалку важни одлуки за клубот.

На навивачите ќе им бидат понудени 40 милиони монети од по две евра, а најголемиот дел од приходот ќе биде за клубот.

Chiliz е основан во 2012-та година, а се занимава со издавање дигитални валути за спортски и платформи за забава.

Фото: Facebook