Future truck 2025 – “самовозечкиот“ камион на иднината на Mercedes Benz

54

mercedes benz kamion

Германскиот автомобилски производител Mercedes Benz овие денови ја претстави својата визија за камионите на иднината – Future truck 2025, кој е посебен поради можноста за автономно возење.

Од ова може да се заклучи дека германскиот гигант не предвидува светла иднина за возачите на камиони бидејќи единствениот патник во нивниот футуристички камион ќе биде таканаречениот “менаџер на транспортот“, кој поголемиот дел од патот би можел да го помине без да го допре воланот на луксузниот камион.

benz

Future Truck 2025 ќе има опција за автономно возење со брзина од 80 километри на час со полн товар, а претседателот на секторот на Mercedes за камиони, Волфганг Бернхард, рекол дека автономното возење е иднината на овие возила, но ќе мора да се причека уште некоја деценија за да се надминат технолошките и законските пречки.

Но, она што најмногу ги воодушеви љубителите на автомобилската индустрија е футуристичкиот дизајн на камионот. На предниот дел нема поставено стандардни светла, туку површината е прекриена со LED сијалици кои го осветлуваат патот. Тие можат да ја менуваат бојата, а при автономното возење ги менуваат боите и сигнализираат дека возилото е во таков режим.

kamion vozac

Внатрешноста го следи елегантниот стил на екстериерот, па се е подредено на комфорот на возачот кој по неколку часа нема да мора да седи зад воланот. Возачкото седиште ќе се движи под агол од 45 степени на десно, па возачот ќе може да се опушти додека ја контролира работата на камионот на својот таблет.