ФЗЦ 11 Октомври прокнижи загуба од 129 милиони денари

21

11-oktomvri-kumanovo

ФЗЦ 11 Октомври од Куманово во период од први јануари до 30-ти септември оваа година работеше со загуба од 129.765.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите девет месеци од 2014 година, компанијата оствари загуба во износ од 137.594.000 денари.

Вкупните приходи од продажба за девет месеци достигнаа 110.940.000 денари. Од нив 51.852.000 денари се остварени на домашен пазар, додека 59.088.000 денари се реализирани на странски пазари.

Истиот период лани, ФЗЦ 11 Октомври евидентираше вкупни приходи од продажба во вредност од 291.064.000 денари.