ФЗЦ 11 Октомври со добивка од 130,9 милиони денари го заврши првото полугодие

12

11-oktomvri-kumanovo

ФЗЦ 11 Октомври од Куманово од први јануари до 30-ти јуни работеше со добивка од 130.902.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех.

Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 77.487.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од 2016-та имаа вредност од 569.055.000 денари. На домашен пазар продажбата достигна 203.206.000 денари, додека од извоз се евидентирани приходи во висина од 365.849.000 денари.

Приоритетна дејност на ФЗЦ 11 Октомври е производство на цевки, шупливи профили и слични производи од челик.