Г20 да ја зајакне улогата во глобалното економско управување

13

Кинескиот претседател, Кси Џинпинг го повика светот да ја зајакне макроекономската координација и да ја зајакне улогата на Г20 во глобалното економско управување, оценувајќи дека закрепнувањето од пандемијата е “прилично несигурно“.

Зборувајќи на виртуелниот самит на Светскиот економски форум, којшто вообичаено се одржува во швајцарското место Давос, Кси рекол дека глобалната економска перспектива и понатаму е неизвесна и предупредува дека кризата во јавното здравство би можела да се повтори во иднина.

“Би требало да изградиме отворена светска економија… да ги отфрлиме дискриминаторите и стандардите, правилата и системите и да ги срушиме бариерите, инвестициите и размената на технологии“, рекол Кси.

Г20, меѓународен форум што ги опфаќа 19-те најразвиени економии во светот и Европската унија, би требало да бидат “главен форум за глобално економско управување“ и светот би требало “подобро да се координираат на подрачјето на макроекономската политика“.

Фото: Freepik