Галатасарај инсталира соларна електрана на покривот на стадионот во Истанбул

32

Раководството на турскиот фудбалски клуб Галатасарај најави инсталирање на соларна електрана на покривот на стадионот во Истанбул, јавуваат турските медиуми.

Претседателот на клубот, Мустафа Џенгиз и директорот на турската компанија Енерјис, Мурат Пинар, потпишаа договор што предвидува реализација на проектот во рок од 12 месеци.

Станува збор за важен еколошки проект што на клубот ќе донесе неколку милионска заштеда во текот на следните 25 години.

Постројката од соларни панели ќе произведува електрична енергија доволна за потребите на стадионот и 2.000 домаќинства и така ќе се спасат најмалку 200.000 стебла.

Стадионот веќе има поставено соларни панели на покривот и од 2015 година се снабдува со електрична енергија.

Фото: Pexels