Галопираат кон раст: 50 најбрзорастечки компании во централна Европа

95

Полската компанија Packhelp S.A., којашто развива решение за прилагодена персонализирана амбалажа со минимално влијание врз животната средина со раст од 9.077% од 2016-та до 2019-та година.

На второ и трето место се најдоа компании од Чешка, првата DoDo, се занимава со развој на специјализирани решенија што оптимизираат брза достава и UlovDomov.cz, која е најголема база на податоци за изнајмување на станови во Чешка. DoDo имаше раст од 8.427%, додека UlovDomov порасна за 5.535%.

На листата од вкупно 50 компании, најголемиот дел (21) се од Чешка, а потоа следат: Полска (15), Хрватска (пет), Бугарија (три), Словачка (две), додека по една компанија е од: Естонија, Латвија, Литванија и Косово.

Анализирано по дејности, на листата најмногу се софтверски компании, вкупно 30.

Консултантската компанија Deloitte ја објави листата на 50 компании со најбрз раст на приходите од 2016-та до 2019-та година. Компаниите за да се најдат на листата треба да исполнат одредени критериуми, како што е од 2016-та до 2018-та година да имаат годишен приход повисок од 50.000 евра, а во 2019-та да надмине 100.000 евра.

Deloitte ја создава листата врз основа на натпревар, којшто оваа година беше организиран по 21-ви пат, а се пријавиле компании од 18 земји.

Фото: Freepik