Газда кој го одржа зборот – на вработените ќе им подари акции вредни 233 милиони долари

147

Тревор Милтон, основачот и претседател на компанијата Nikola, реши да го одржи ветувањето дадено на работниците кога го започна бизнисот и ќе им подари акции од компанијата.

Првите 50 работници на компанијата за производство на електрични камиони  ќе ги добијат шесте милиони акции што им ги ветил Милтон кога прифатиле да работат за него.

“Кога ја започнав оваа компанија, ги барав најдобрите вработени во светот и тоа беше огромен ризик. Веројатноста дека некогаш ќе успееме беше минимална, и за среќа, најдов неверојатна група на луѓе кои се со мене уште од првиот ден “, рече Милтон во видеото објавено на Инстаграм.

Вредноста на акциите на компанијата кои ќе бидат подарени на вработените, во моментов изнесува околу 233 милиони долари. Нивната вредност се зголеми откако акциите на компанијата беа тргувани  на Nasdaq од почетокот на јуни, поттикнати од апетитот на инвеститорите кон производителите на електрични возила, иако компанијата сè уште не го произведе своето прво возило. Според индексот на милијардери наBloomberg, Милтон (37) вреди 4,6 милијарди долари, што го прави меѓу 500-те најбогати луѓе во светот.

Тој на Твитер изјави дека не планира да продава свои акции и дека добил одобрение од Управниот одбор.

“Во иднина, би можело да вреди милијарди ако добро работиме. Но, јас го исполнувам моето ветување “, рече Милтон.

Сигурно е дека не секој ќе биде воодушевен од оваа одлука, затоа што неколку вработени кои работеле на почетокот, ја напуштија компанијата.

Фото: Facebook