Газпром го купи Киргизгаз за еден долар

20

gazpromРуски Газпром за само еден долар стана целосен сопственик на Киргизгаз, а се обврза и да го покрие долгот на компанијата во висина од 40 милијарди долари, пренесува руски RТ.

Газпром го склучи договорот со единствениот снабдувач на гас во Киргистан – Киргизгаз.

„Денеска е историски ден. Денеска потпишавме договор за целосна аквизиција на Киргизгаз и компанијата со тоа стана дел од семејството Газпром“, изјави генералниот директор на Газпром, Алексеј Милер.

Преземената компанија ќе биде преименувана во Газпром Киргистан, по што се планирани инвестиции од најмалку 20 милијарди рубљи (околу 40 милијарди евра) во следните пет години.

„Целта на новата компанија е да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со гас до сите клиенти во Киргистан по пониски цени“, истакна Милер.

Тој нагласи дека за се постигне таа цел е потребно да се реновира, модернизира и реконструира постоечката инфраструктура.

Производството на гас во Киргистан е ниско, а снабдувањето со гас е околу 25%, па Газпром планира да се истражат и експлоатираат нови области во земјата, за кои што се смета дека имаат потенцијали.

Газпром има ексклузивен 25-годишен договор за извоз на гас од Киргистан. Според договореното, ќе има право да ги поставува тарифите за гас на Киргистан.