Gazprom продаде удел од 3,6% за скоро три милијарди долари

46

Руски Gazprom заработи скоро три милијарди долари од продажба на 3,6% од сопственоста на купувач, чиј идентитет не е познат.

Според светските медиуми, акциите се продадени преку подружница на Gazprom, со попуст од 11% во однос на цената на затворање на пазарот за тргување минатата недела.

Руската компанија со слична таква трансакција во јули оваа година продаде 2,9% од сопственоста, со попуст од 5%, за 2,2 милијарди долари.

Фото: Facebook