
Компанијата ГД Тиквеш од почетокот на годината до крајот на септември прикажа вкупна сеопфатна добивка од 4.961.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Загуба од 7.078.000 денари оствари компанијата во периодот јануари – септември лани.
Приходите од продажба во текот на деветте месеци од 2016 изнесуваат 157.526.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 150.681.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 6.845.000 денари.
Основна дејност на ГД Тиквеш Кавадарци е земјоделско производство.