Geizeer – еко уред за ладење што штеди енергија

26

4e8ecdf648824f7ffe1359430fc411b5_originalКлима уредите го ладат просторот во којшто седиме и работиме, но сепак трошат енергија и доколку се користат подолг временски период, го сушат воздухот, предизвикуваат вкочанетост во вратот, респираторни проблеми, настинка…

За да се елиминираат сите негативни ефекти од ваквиот тип на уреди, дизајнерското студио idea3di со седиште во Рим, Италија го создаде Geizeer. Станува збор за еден вид на персонален еко уред за ладење којшто штеди електрична енергија.

9661e66d18529080f25d546f1e407812_original

Geizeer обезбедува инстантно ладење во топлите денови и е многу едноставен за користење. Направата личи на коцка отворена во средината каде што се става претходно замрзната мешавина од гел, а работи со помош на батерија на полнење и микро USB. Направен е од дрво, коешто е совршен термички изолатор, метал и специјален вентилатор, може да ја спушти температурата до три степени, а лади површина и до 12 метри квадратни.

Проектот, којшто моментално има кампања на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, се очекува да започне да се продава од септември.