Гејтс: Кафулињата и рестораните под клуч во следните четири до шест месеци

42

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс верува дека враќањето во нормала во САД е многу подалеку од она што се очекувало и покрај тоа што вакцината е дистрибуирана оваа недела.

Гејтс, кој донираше огромни средства за вакцинација, рекол дека до следното лето САД би требало да се вратат во нормала, но целосното враќање на ниво како пред пандемијата ќе биде можно дури по 2022-ра година.

Милијардерот рекол дека јавните собири би требало и понатаму да бидат забрането, а “за жал поголемиот број барови и ресторани во земјата би требало да бидат затворени за да се намали стапката на зараза“. Според него, баровите и рестораните во САД би требало да бидат затворени во следните четири до шест месеци.

Гејтс верува дека САД ќе се вратат во нормала дури за 12 до 18 месеци доколку се направи сè што е потребно за сузбивање на пандемијата.

Фото: Facebook