Generali купува удел во италијанска компанија за изнајмување електрични тротинети

46

Италијанската осигурителна компанија, Generali купи удел во компанија за изнајмување велосипеди и електрични тротинети, Ridemovi, што планира проширување во матичната земја, како и во Шпанија и други земји.

Ridemovi пружа услуги на микро мобилност во 17 италијански и шпански градови, но не се знае цената по којашто е направена трансакцијата.

Сообраќајот на две тркала има голем подем во време на пандемија и стана дел од урбаната мобилност.

Флотата на Ridemovi вклучува околу 30.000 обични и електрични велосипеди и тротинети, а со помош на инвестицијата на Generali ќе може да ја зголемат флотата на 70.000 тротинети.

Фото: Pexels