Генералниот директор на СТО поднесува оставка, ќе работи во Pepsi

31

Генералниот директор на Светската трговска организација (СТО), Роберто Азеведо, денеска поднесува оставка, оставајќи ја организацијата без лидер во моменти кога се соочува со најголемата криза во својата 25-годишна историја.

“Ова е навистина ново, иако за жал не изненадува, низок момент за СТО“, рече Рохинтон Медхора, претседател на Центарот за меѓународни иновации во управувањето.

Според него, со СТО веќе некое време не се управува, а сега и функционално ќе биде без лидер. Заминувањето од функцијата беше најавено во јуни, од кога трае процедурата за избор на негов наследник. Вообичаениот процес за избор на директор на СТО трае девет месеци, но поради пандемијата на Ковид-19 се очекува да биде завршено за три месеци.

Бразилецот Азеведо прифати работа во компанијата Pepsi, а осум кандидати претендираат да го заменат на неговата функција во СТО од која замина една година пред истекот на мандатот.

Фото: WTO