Генерално собрание на Алијансата на саеми на централна Европа во Скопје

21

Генерално собрание на Алијансата на саеми на централна Европа од денеска почнува во Скопје. На собирот, кој ќе трае до 14 овој месец, ќе присуствуваат 20 претставници на саемски организации од 15 држави.

Генералното собрание на ЦЕФА 2014 во Скопје, според организаторот Скопски саем, претставува важен настан од меѓународен карактер кој домаќинот ќе го искористи не само за сопствено успешно претставување, туку и за промоција и достојно претставување на Република Македонија пред меѓународната јавност.

ЦЕФА – Алијанса на саеми од централна Европа претставува мрежа на организатори на саемски изложби која овозможува воспоставување на интензивни деловни контакти помеѓу нејзините членки, а со тоа и јакнење на важноста на централна и југоисточна Европа за трговските саеми и изложби од меѓународно значење. Скопски саем е член на ЦЕФА од 2002 година.

ЦЕФА брои вкупно 26 членки од кои редовни членки се 23 саемски куќи од следните Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Грција, Италија, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Словенија, Словачка, Црна Гора, Унгарија и Чешка.

Основна цел и мисија на ЦЕФА е во ерата на глобализација да помогне во справувањето со новите предизвици преку решенија кои нудат нови разновидности, отворање нови можности и потенцијали.