Genijator – хрватски генератор за декарбонизација на моторот од автомобилот

45

genijator-hr

Фото: Genijator

Genijator е иновативна компанија од Хрватска којашто разви генератор за внатрешно чистење на моторите од автомобилите.

“Genijator од вода произведува гасови со коишто ја чистиме внатрешноста на било кое возило чиј погон користи фосилни горива. Гасот е прилично експлозивен, па ја подигнува температурата на согорување во моторот што ги пали остатоците од гареж во неговата внатрешност. Тоа овозможува подобра работа на моторот, чистење на издувниот систем во автомобилот и заштеда на гориво. Од еден литар вода може да се третираат 300 автомобили, а досега исчистивме над 10.000 возила во Хрватска и за тоа ни беа потребни малку повеќе од 30 литри вода“, вели Петар Јониќ од Genijator, за Пословни дневник.

Причината поради којашто е неопходна декарбонизацијата (внатрешно чистење) на моторот е тоа што горивата целосно не согоруваат, по што негативно влијаат на сервисирање на моторот, неговата работа, потрошувачката на гориво и животниот век на главната машина на автомобилот.

Во моторот на возилото се внесува таканаречениот brown гас, којшто влијае на подобро согорување на горивото и ги пали наталожените остатоци во неговата внатрешност. Освен што преку Genijator се чисти моторот, процесот на чистење се одвива и во издувниот систем на автомобилот.