Geodome 4 – шатор за екстремни услови

3

biznis-info

Фото: Facebook

Компанијата за спортска опрема, The North Face, креираше шатор во форма на купола, погоден за секакви временски услови, објави Curbed. Geodome 4 е лесен за пакување и носење и тежи околу 11 килограми.

Има само четири главни столбови, височината и ширината се два метри, доволно за еден возрасен да стои внатре исправен. Во внатрешноста на Geodome 4 има закачалки каде може да се закачи опремата.

Шаторот е водоотпорен и доволно силен да издржи лоши временски услови како силен дожд и ветер до 90 километри на час. Овој производ моментално е достапен само во Јапонија по цена од 1.635 долари.