Георгиева: Војната на Блискиот Исток ќе го забави глобалниот раст, сите три сценарија се лоши

Војната на Блискиот Исток претставува голем шок во снабдувањето што ќе го забави глобалниот раст, дури и во најоптимистичкото сценарио, изјави  директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, во обраќањето пред почетокот на пролетниот состанок на ММФ и Светската банка, што ќе се одржи од 13 до 18 април во Вашингтон.

Таа изјави дека растот на глобалната економија ќе биде помал без оглед на евентуалното трајно примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, поради веќе нанесената штета на инфраструктурата, прекините во синџирите на снабдување и губењето на довербата.

Следната недела, ММФ ќе објави три сценарија во извештајот за светските економски перспективи, и во секое од нив се очекува послаб раст од претходно проектираниот, вели Георгиева.