Германците ќе плаќаат помал ДДВ

163

Пратениците од долниот дом на германскиот парламент дадоа поддршка на пакетот стимулативни мерки, со кои се предвидува намалување на данокот на додадена вредност од сегашните 19 на 16% од први јули, пренесува Reuters.

Целта на усвоените мерки е поттикнување на растот на најголемата европска економија по негативните ефекти од пандемијата од корона вирусот. Oваа мерка  владата ќе ја чини 20 милијарди евра, како и низа други мерки, вклучувајќи и исплата на бонуси за семејствата од 300 евра по дете.

“Имаме шанси да ја вратиме економијата на патеката на раст во втората половина од годината“, изјави тамошниот министер за економија, Петер Алтмајер.

Фото: Pixaby