Германците сè повеќе сакаат да возат електрични автомобили

36

Властите во Германија регистрираат зголемен број на барања за кофинансирање при купување електричен автомобил, пренесуваат германските медиуми.

Во октомври се поднесени 32.324 барања, што е трипати повеќе одошто во септември.

Од јули оваа година се поднесени повеќе од 100.000 пријави, што е повеќе одошто во текот на целата 2019-та година. Сојузната канцеларија за економија и контрола на извозот го зголеми бројот на вработени за обработка на барањата за околу 40%.

Земјата дава субвенции за набавка на “зелени“ автомобили и до 9.000 евра. Благодарение на високата финансиска поддршка, пазарниот удел на електрични и хибридни автомобили во септември оваа година е на рекордно ниво од 15,6% нови регистрации.

Продажбата на електрични возила, во споредба со 2019-та година, е зголемена за 337%.

Фото: Pixabay