Германија: Банки почнуваат да наплаќаат за штедење

49

Германската банка Folksbank FIstenfeldbruk од минатиот месец на своите приватни клиенти почна да им наплаќа негативни камати. Тоа значи дека штедачите плаќаат надомест за секое евро што го чуваат на сметка, пишува Deutsche Welle.

Досега таа мерка ги погодуваше само деловните субјекти, но само на износи над 100.000 евра. Komercbank од неодамна и на фирмите и на јавните претпријатија им наплаќа негативна камата, почнувајќи од првото евро на нивната сметка. Со таа мерка на банката, во овој момент се погодени околу 70.000 компании, што не е голема бројка за Германија, но експертите предвидуваат дека тој тренд би можел да го следат и други банки.

Деловните банки мора да платат 0,5% камата ако чуваат пари кај Европската централна банка (ЕЦБ). Многу монетарни институции почнаа да го префрлаат тој трошок на своите клиенти, но не само на деловните субјекти, туку и на приватни лица кои имаат поголеми депозити.

Европската централна банка со години води политика на ниски камати, за да поттикне инвестиции. Затоа, банките добиваат евтини пари што можат да им ги позајмат на клиентите со ниска камата. Доколку не одобрат такви кредити и ги чуваат парите во ЕЦБ, од 2014 година мора да плаќаат негативна камата.

Во Германија од 1.300 банки и штедилници, во овој момент повеќе од 150 наплаќаат негативни камати.

Фото: Pexels