Германија ги забранува платнените маски

30

Германија наметна строги мерки во ноември минатата година, но на денешниот состанок на канцеларката Ангела Меркел со челниците на сојузните држави е донесена одлука да се воведе построг карантин до 14-ти февруари.

Иако нема официјално соопштение, во јавноста протекоа одредени информации, па така германските медиуми изнесуваат детали за мерките што ќе бидат воведени овој пат.

Сите мерки донесени во декември ќе бидат продолжени до 14-ти следниот месец, а освен тоа на сила се и мерките според кои едно домаќинство ќе може да ја посети само едно лице од надвор.

Исто така, од граѓаните ќе се бара и задолжително носење на хируршки и FFP2 маски во јавниот превоз и продавниците, додека платнените маски ќе бидат забранети, а тоа ќе важи и прекривање на устата и носот со шал.

Фото: Freepik