Германија го доби првиот патнички воз на водород

20

Alstom-Coradia-iLint-1-1580x549Француската компанија Alstom го креираше првиот патнички воз со нула емисии што работи на водород. Возилото, кое што беше претставено на саемот Berlin InnoTrans минатата недела, планирано е да биде пуштено во употреба до декември годинава, а ќе сообраќа во Долна Саксонија, пишува Inhabitat.

За да се создаде Coradia iLint потребни беа две години, а сега тој е еколошка варијанта на досегашните дизел возови, благодарение на цистерната со водород што се наоѓа на покривот на возот.

20160920_iLint_800x533

Ова всушност е електричен воз којшто се снабдува со енергија од резервоарот со водород. Ова и следните вакви возила што треба да се создадат во иднина се дел од еден глобален проект чија цел е да се намалат емисиите на стакленички гасови од транспортот. Досега слични вакви возила служеа само за транспорт на стоки, па Coradia iLint ќе биде првиот воз што ќе пренесува патници.

Благодарение на електричниот мотор, хидро-возот е многу потивок од дизел возовите. Достигнува брзина од 140 километри на час. Иако ваквиот тип на возови е прилично поскап од традиционалните, властите од останатите делови на Германија, како и од Холандија, Данска и Норвешка се заинтересирани да ги донесат хидро-возовите и на нивните патишта.