Германија лани извезе 20% помалку автомобили

22

Автомобилите претставуваат најголемиот извозен адут на Германија, но минатата година извозот е намален за 20% во однос на 2019 година. Од продажба на германски автомобили на странски пазари, земјата заработи 57 милијарди долари во 2020 година.

Втор најголем извозен продукт на Германија се лекови со 26,5 милијарди долари или 2,2% повеќе во споредба со 2019 година, а на трето место се автомобилските додатоци и делови со извоз од 21,4 милијарди долари или 4,5% помалку од 2019 година.

САД, Франција и Велика Британија се топ три најголеми трговски партнери на Германија.

Фото: Pexels