Германија најмногу профитира од закрепнувањето на Кина

38

Кина продолжува економски да закрепнува, а на тоа посебно се радува германската економија, оценува Дојче Веле.

Менаџерите во Кина стануваат пооптимистични, а за нејзините партнери во Европа тоа се добри вести. Меѓу 2000-та и 2009-та година, обемот на билатерална трговија меѓу ЕУ и Кина е зголемен за осум пати на околу 560 милијарди евра.

Според анализата, од позитивниот економски развој на Кина, најмногу бенефит ќе има Германија. Ниту една друга земја во ЕУ не е толку силно поврзана со Кина. Скоро половина (48,5%) од вкупниот извоз на ЕУ во Кина лани бил од Германија. Тоа е скоро четири пати повеќе од Франција, којашто е на второ место во ЕУ, кога е во прашање извозот во Кина.

Германија посебно извезува автомобили и машини во Кина, но сè повеќе и земјоделски производи, како што е свинското место.

Поради пандемијата, Кина за Германија стана уште поважна. Во вториот квартал од оваа година, таа за првпат била германски најголем извозен пазар.

Фото: Pixabay