
Германската влада подготвува пакет даночни мерки во вредност од 32 милијарди евра за стимулирање на растроената економија.
Индустријата предупредува дека во пакетот мора да ја вклучат и контролата на цените на струјата, пренесува seebiz.
Предложениот Закон за можности за раст, усвоен во средата, го опфаќа периодот од 2024 до 2028 година и дава стимулации за компаниите за зелени инвестиции и за истражување и развој.
Тие планираат да им дозволат на компаниите повисок даночен одбиток за резултатите од другите финансиски години.
Мерките и беа претставени на јавноста во средата, на крајот од традиционалниот дводневен „клоуз“ на владата во замокот во Мезеберг, 60 километри северно од Берлин.
Германските компании предупредија дека пакетот не е доволен бидејќи не вклучува субвенции за струја.
„Германската индустрија сигнализира СОС, а федералната влада продолжува да ја игнорира кризата“, велат од хемиската индустрија, која е особено тешко погодена од скапата струја.
Ограничувањето на цените на струјата е неопходно за да се запре деиндустријализацијата, потенцираат од здружението на хемиската индустрија ВЦИ.
Канцеларот Олаф Шолц беше нејасен во својот одговор, велејќи дека „Владата сè уште го разгледува прашањето за обезбедување снабдување со евтина струја“.
Германската економија, најголемата во Европа, стагнираше во вториот квартал, не покажувајќи знаци на закрепнување од рецесијата во зимскиот период и ја консолидираше својата позиција меѓу групата големи светски економии со најниско ниво на активност, забележува Ројтерс.