Германија: Пораст на индустриското производство и извозот во ноември

38

Индустриското производство и извоз на Германија во ноември бележат пораст, што е дополнителен сигнал дека производството забрзува во најголемата европска економија во четвртиот квартал од 2020 година.

Индустриското производство во ноември порасна за 0,9% во однос на претходниот месец, а извозот се зголеми за 2,2%, покажуваат податоците на германската статистика.

Тоа е седми месец по ред да растат и двата показатели, по карантинот во март и април воведен со цел да се сузбие пандемијата.

Според статистичките податоци, индустријата и градежништвото во ноември го компензираа падот во производство на енергија за скоро 4%.

Увозот е зголемен за 4,4%, што резултираше со намален суфицит во однос на октомври.

Германија во ноември воведе уште еден карантин, а мерките за ограничување се заострени и продолжени и овој месец, пренесува Ројтерс.

Фото: Freepik