Германија со најниско производство на челик во последните 10 години

93

Производството на челик во Германија, во 2020 година, се намали на најниско ниво во последните 10 години. Причина за тоа е пандемијата и строгите климатски и енергетски регулативи.

По слабата 2019-та година, производството на челик се намали за 10% на 35,7 милиони тони.

Во текот на големата финансиска криза во 2009-та година, најголемата европска економија произведе 32,7 милиони тони челик.

“Дури ниту благото закрепнување во последниот квартал од 2020 годиа не може да ја намали загриженоста поради структурниот тренд во изминатите неколку години“, смета ханс Јирген Керкоф, претседател на Германската федерација за челик.

Во последниот квартал од минатата година, производството на челик порасна за околу 9%.

Фото: Freepik