Германија вложува 500 милиони евра во вентилација за да се спречи ширењето на коронавирусот

83

Германската влада планира да инвестира 500 милиони евра во подобрување на системите за вентилација во јавните згради за да се спречи ширење на коронавирусот.

Грантови за подобрување на системи за вентилација ќе бидат доделени на државни компании, музеи, театри, универзитети и училишта. Приватните компании сè уште не се вклучени во оваа програма.

Коронавирусот се шири со капки преку аеросоли кои се издишуваат од заразените, особено кога кашлаат или киваат. Тие капки можат да останат во воздух најмалку осум минути, покажаа студиите.

Поради студеното време, сè повеќе луѓе ќе останат подолго во затворени простории, со што ќе се зголеми ризикот од ширење на инфекцијата, а Берлин има намера да ги подобри постојните системи за климатизација и вентилација.

Поради сè поголемиот број на заразени, Германците воведоа нови построги мерки.

Фото: Pixabay